Нов политички земјотрес во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 18 април, 2019 19:32

Нови бомби ја тресат македонската јавност, на мета и актуелни министри

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред неколку часа на интернет се појавија  четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“. 

Сипмтоматично е што овие бомби досега не се објавени а според времето во кое се водени го покриваат периодот под надлежност на сегашното СЈО. Дилемата која треба да се одговори е дали СЈО ги поседувало воопшто овие бомби, зошто не биле предадени на СЈО ? И дали е ова порака до актуелната власт и опозиција токму сега кога се решава судбината на СЈО или на некои обвинители во СЈО ?

Во објавените бомби актуелни министри како Оливер Спасовски договараат заедничко донесување на закони, а во други бомба пораншениот претседател на државата и на СДСМ Бранко Црвенковски се интересира која е поврзаноста на Дамјан Манчевски со донации и спонзорства во кошаркарскиот клуб Работнички во која се споменува и грчка фирма. 

Во разговор на Љубомир Фрчковски и Алберт Муслиу каде Фрчковски се интересира за процесот на лустрација и се плаши дека доколку биде лустриран да не го изгуби работното место и се обидува да договори да не биде лустриран. 

 Другите бомби се со наслов за плачкање на ЕЛЕМ во разговор на две лица. 

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...