Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 12:31

НОВИ ДЕТАЛИ: Боки 13 изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Постојано во јавноста излегуваат нови детали за случајот Рекет, најново е што  деловна партнерка на Бојан Јовановски доби кривична пријава од скопска градежна фирма, објави емисијата Код на Телма.

Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови, а паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.

Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција објави дека е отворена истрага против двајца осомничени за случај во кој се инволвирани сопственик на телевизија, бизнисмен и јавен обвинител. Неформалниот сопственик на телевизијaта 1ТВ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито дејствие, а Јовановски се сомничи и за перење пари.

Двајцата осомничени преку јавен обвинител од ноември 2018 до април 2019 влијаеле да се олесни положбата на лице кое е под истрага, а за таа услуга добиле 1,5 милиони евра. Предистражната постапка е отворена на 2 мај 2019 по кривична пријава, а откако биле собрани потребните вербални и материјални докази, отворена е истражна постапка.

Првоосомничениот е под истрага и за перење пари, нелегално стекнатите средства тој ги пуштил во оптек како легални и со нив купувал гардероба и плаќал одмори кои ги надминуваат неговите приходи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Денеска завршни зборови за случајот “Рекет”

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното...

Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Од утре може да се дружиме со животните во скопската Зоолошка градина!

Заклучно од утре вратите на Зоолошката градина во Скопје ќе бидат отворени за посетители...