Сепак, СЗО наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 12:01

НОВИ ДОКАЗИ: Коронавирусот се пренесува преку воздух- СЗО да ги промени препораките

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СЗО од самиот почеток на пандемијата, предупредуваше дека новиот коронавирус првенствено се шири од човек на личност со капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување, но сега неколку стотици научници бараат од Здравствената организација да ги промени препораките во однос на заштита од вирусот корона, бидејќи како што велат постојат докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен, објави Њујорк Тајмс.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Дури 239 научници од 32 земји, истакнаа дека ќе испратат отворено писмо до  СЗО. Потписниците планираат да го објават во научното списание следната недела а во него тие  наведуваат докази кои покажуваат дека помалите честички можат да бидат заразни, пишува Њујорк Тајмс.

Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат, велат научниците.

Иако научниците тврдат дека поседуваат докази, сепак СЗО стои на својот став и наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.

– Особено во последниве месеци, неколку пати истакнавме дека сметаме оти воздушната трансмисија е можна, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази, рече Бенедета Алегранци, директор на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

НИШТО ОД ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Границите затворени до 15 август

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени...

Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

КАКОВ ШВЕДСКИ МОДЕЛ, СЕТО ТОА Е ИЗМИСЛЕНО ОД СЕКТА: Познат доктор открива зошто во оваа земја има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 !

Еден од најгласните критичари на Шведска за националната стратегија за борба против...