Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2020 13:31

НОВИ ДРВОРЕДИ СО 520 ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК ВО МИЧУРИН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

НОВИ ДРВОРЕДИ СО 520 ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК ВО МИЧУРИН!

Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија. 

Оваа локација беше повеќедецениска дива депонија, од која годинава расчистивме 15.000 кубни метри отпад и подигнавме нова јавна површина на повеќе од 6.000 квадратни метри, која ја поделивме на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП Градски паркинг со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Сега овој простор го раззеленуваме со нови дрвореди од 520 висококвалитетни дрвја. Отворањето на нови квалитетни јавни простори и облагодарување на животната средина е мој императив и овде покажуваме како еден сериозно девастиран простор станува пристојно место за уживање на граѓаните – рече градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата.

Тој истакна дека продолжува засилениот инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање на диви депонии на истите места каде што биле претходно и секое несовесно однесување со отпадот ќе биде санкционирано со цел да создадеме здрави навики и да живееме во чиста и здрава животна средина.

Во овој парк засадено е и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри, а за многу кратко време дрвјата кои се засадени во овој парк ќе формираат широки крошни. Наскоро паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.

Град Скопје согласно новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди составени од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.

На засадувањето на садниците во паркот во Мичурин присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на ЈП„ паркови и зеленило“ Ардијан Муча и советничката во Советот на Град Скопје, Михаела Иванова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Оваа сервисна улица ќе може да ја користат ограничен број возила, во временски интервали исклучиво од 8 до 9 часот наутро и од 14 до 17 часот, времето кога вработените влегуваат и излегуваат – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градот Скопје вчера почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од...

Тој објасни дека поранешни познати диви депонии во градот, Градот Скопје успеа да ги претвори во паркови, а денес истите ги посетуваат стотици граѓани кои живеат во близина. Тоа се парковите во Мичурин и во Кисела Вода, а истовремено се работи на уредување нов парк во Карпош, кој исто така порано беше позната дива депонија.

НОВ ЗЕЛЕН ПРОСТОР СЕ УРЕДУВА КАЈ МНТ

Градот Скопје и МНТ уредуваат нов зелен простор во близина на кејот на Вардар, пред...

Ова, меѓу другото, го изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на на новите реконструирани простории на Одделението за управни работи Кавадарци.

Спасовски: Реновирани просториите на ОУР Кавадарци, ги подобруваме условите за работа!

 „Ми причинува големо задоволство фактот што, преку денешниов настан, односно можноста...