
Македонија
Вести
Уште две здравствени установи добија ново директори.
На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница 8ми Септември, доаѓа познатиот доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.
Работи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.
Андоновска била пратеничка во македонскиот Парламент, а во моментот е Советник во Советот на Град Скопје.
Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.
Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК, Соња Николова на Радиологија
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.