Д-р Патриција Каламарас, инфектолог, вели дека сè уште нема потврдена делотворна терапија, нема ни вакцина. Дополнително болеста се манифестира различно кај различни луѓе, па Каламарас вели дека во иднина може да се докаже дека во основата на развојот на болеста е генетиката.

Објавил: Сара Фемина | 24 ноември, 2020 9:34

НОВИ СОЗНАНИЈА: КОВИД-19 МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА И СТЕРИЛИТЕТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светот се соочи со болест која е нова и која ја има на целата планета – предизвикана е од коронавирусот, а самата предизвикува тежок акутен респираторен синдром. Многумина ја прележаа Ковид-19, но, за жал, во светски рамки дури 1 милион луѓе ја изгубија битката.

Речиси една година од појавата, многу непознати за заболувањето. Кои се досегашните искуства?

Има ли некои именители кои ја дефинираат суштината на болеста?

Д-р Патриција Каламарас, инфектолог, вели дека сè уште нема потврдена делотворна терапија, нема ни вакцина. Дополнително болеста се манифестира различно кај различни луѓе, па Каламарас вели дека во иднина може да се докаже дека во основата на развојот на болеста е генетиката.

Според последните истражувања, Ковид-19 го напаѓа репродуктивниот систем кај помлади мажи и може да предизвика стерилитет.

ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

На прагот сме на зимата. Лани во декември во Вухан, Хубеи, Кина за првпат беше дефинирано дека коронавирусот (SARS-CoV-2) предизвикува тежок акутен респираторен систем.

Д-р Каламарас вели дека зимата сега е дополнителен предизвик. „Ја чекаме првата зима кога ќе имаме мешани вирусни инфекции затоа што е можно истовремено кај една индивидуа да има инфекција од повеќе вируси. Ќе бидеме принудени истовремено да правиме повеќе тестови за различни типови вируси за да разграничиме дали се работи за грип или корона или комбинирана инфекција“, вели д-р Каламарас.

Таа е категорична и вели дека апсолутно препорачува навремено вакцинирање против грип, и тоа на целата популација. Граѓаните дополнително често да ги проветруваат просториите затоа што е докажано дека со проветрување за 10 минути целата просторија се чисти од вирусот. Вели дека секако граѓаните треба да ги почитуваат и досегашните мерки на заштита.

ГЕНЕТИКАТА Е ВО ОСНОВА

Сè уште нема потврдена сигурна вакцина, но и нема специфичен третман за лечење на болеста. Д-р Каламарас вели дека терапијата која досега се употребува вклучува супортивна терапија, изолација и примена на антивиротици кои даваат позитивни резултати, но дека сè уште не е унифицирана ниту потврдена одредена терапија. „На почетокот беа правени обиди со антималарици, кои не дадоа задоволителен резултат.

Во поново време по препорака на Светската здравствена организација се фаворизира употреба на фавипиравир и ремдесивир. Оздравените пациенти, пак, се со различен исход во насока на афинитет кон фиброза на белите дробови.

Тие кои ќе ја развијат ќе има потреба од постојан скрининг и терапија која ќе помогне во олеснување на последиците од заболувањето, како и овозможување на поквалитетен живот“, вели докторката. Таа додава дека имала случаи кога заболени од иста фамилија кои живеат заедно без никакви коморбидитети ја манифестираат болеста различно – од најлесна до најтешка форма. Д-р Каламарас тврди дека еден ден ќе се потврди дека во основа е генетиката.

СЕ НАМАЛУВА КВАЛИТЕТОТ НА СПЕРМАТА

Д-р Каламарас вели дека рецепторите за ангиотензин ковертирачкиот ензим 2 (АЦЕ2) имаат главна улога во патогенезата на Ковид-19 преку врзување на вирусот за АЦЕ2 и на тој начин вирусот навлегува во клетката и се реплицира.

Клетките кои се со висока АЦЕ2 експресија се потенцијални да бидат таргетирани и оштетени од вирусот. Повеќе студии потврдиле, пак, дека има висока АЦЕ2 концентрација во тестикуларните клетки, затоа тестисите се потенцијална таргетна група за директно оштетување од Sars – CoV-2 вирусот. „Постои можност за потенцијално оштетување на тестисите и последователен инфертилитет при Ковид-19 инфекција. Можноста за тестикуларно оштетување е како резултат на директна вирална инвазија преку врзување на Sars –cov-19 вирусот за АЦЕ2 рецепторите или секундарно како резултат на имунолошки и инфламаторен одговор“, вели д-р Каламарас.

КОЛКУ ПОВЛАЖНО ВО ПРОСТОРИЈАТА ТОЛКУ ПОДОБРО

Д-р Каламарас вели дека едно од поновите сознанија е дека одржувањето на влагата во просторијата е многу важно и дека е идеално влажноста да е помеѓу 50 и 60 проценти.

„Ако воздухот е многу сув, честичките на коронавирусот се многу полесни и постојано лебдат во воздухот, а на тој начин полесно е и да се инфицираме преку вдишување. Во случај да се одржува препорачаната влага во воздухот, аеросолите во кои има коронавирус отежнуваат и паѓаат на подот, а со тоа се намалуваат лебдечките честички со коронавирус кои ги вдишуваме“, вели д-р Каламарас.

Таа смета дека е интересно дека тестикуларната експресија на АЦЕ2 е во корелација директно со возраста. Највисока експресија е забележана кај пациенти на 30-годишна возраст, значително повисока од пациенти на 20 години, како и кај пациенти на 60 години кои покажале најнизок степен на експресија.

Ова укажува на тоа дека млади пациенти од машки пол се со висок ризик за тестикуларно оштетување и потенцијален стерилитет. „Најнови информации од Министерството за здравство во Русија потврдија за драстична редукција на квалитетот на сперма која доведува до машки стерилитет. Тие потврдија дека кај пациентите кои прележале Ковид-19 за 38 проценти се намалил квалитетот на спермата“, вели д-р Каламарас.

Инаку, во јуни годинава и кинеско-американска студија потврди дека вирусот го напаѓа машкиот репродуктивен систем преку директен атак на спермо-продуцирачки клетки, што доведува до редукција на создавање сперма.

Acibadem Sistina

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

На ваков начин болницата докажува дека грижата е приоритет во кое било време. Клиниката „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница која хоспитализира деца со здравствени проблеми од сите специјалности и во вакви услови.

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА: МОЖНОСТ СИТЕ ДЕЦА ДА ДОБИЈАТ ВРВНА ГРИЖА И ВО ПАНДЕМИСКИ УСЛОВИ

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали за 20 проценти во просек цените на...

Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

ПРВИОТ СИМПТОМ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО: Сè започнува со ова, НЕ Е ДОБРО, не го игнорирајте ОВА

Рак на колонот или ректумот (колоректален рак) се видови рак на дебелото црево. Дебелото...