Министерот информираше дека 2 пациенти се излекувале од вирусот и по вториот негативен тест на Коронавирус, тие се пуштени на домашно лекување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2020 15:48

НОВИ 24 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА-2 пациенти пуштени на домашно лекување!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешнта прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, во 14 часот, тој соопшти дека во земјава се регистрирани 24 нови случаи на Коронавирус.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)

Министерот информираше дека 2 пациенти се излекувале од вирусот и по вториот негативен тест на Коронавирус, тие се пуштени на домашно лекување.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Министерот Венко Филипче соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 денеска починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар

Уште две лица починаа од Коронавирус во земјава- регистрирани нови 44 случаи

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус...

Денеска во Македонија од коронавирус почина уште еден  79 годишен пациент од Дебар; На Инфективната клиника примени се 8 нови пациенти, вкупната бројка на хоспитализирани на Клиниката изнесува 47. На механичка вентилација се поставени тројца пациенти, на 50, 63 и 67 годишна возраст;

Филипче: Девет пациенти излекувани од Коронавирус и пуштени на домашно лекување- бројот на заразени е 285 лица!

Девет пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување;Денеска се потврдени 26...

Министерот соопшти дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја.

ПОЧИНА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ОД КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА-Бројот на заболени изнесува 285 лица

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен...

Обвинителството по допрен глас отворило предмет, како што се наведува во соопштението, за за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот COVID 19.

Два дена се мачеше, не можеше да диши- Се истражува смртта на жената од Струга која почина од коронавирусот

Основното јавно обвинителство Охрид ја истражува смртаа на 66 годишната стружанка,...