Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2020 17:42

Нови 30 случаи на Коронавирус во Македонија!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.

Коронавирусот е сериозна болест. Тој ги напаѓа белите дробови и сите органи. Влошувањето настанува нагло, никој не е поштеден, а повозрасните се подложни на компликации. Затоа, да ги почитуваме мерките – тие даваат резултати.

Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

На што треба да внимавате и како да се заштите себеси доколку се грижите за лице заболено од КОВИД-19?

Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот.

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство го појаснува следното:Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус, изјави министерот Венко Филипче на вчерашната прес конференција.

Министерот нагласи дека за позитивни на Ковид 19 се сметаат само оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика.

Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Забрана за гробишта за Задушница: Полициски час од 80 часа во половина Македонија!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести,...

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Не вратија од мртвите, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна!

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот....

-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку...

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: 89 новозаразени со коронавирус, починаа седум лица во Македонија!

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. –...