Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза КОВИД-19 од системот Мој термин во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021.

Објавил: Перо Милчин | 17 октомври, 2021 16:52

Нови 329 случаи на ковид 19, починале 13 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нови 329 позитивни случаи на КОВИД-19 од 3045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа.

Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза КОВИД-19 од системот Мој термин во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните 329, во Скопје се 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – девет, Tетово, Пробиштип и Кочани имаат по осум нови случаи, Битола – седум, Кочани и Гевгелија – по пет, Свети Николе – три, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по два и по еден нов случај на коронавирус имаат Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 20 септември до 2 октомври 2021 година. Двајца од нив се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, и се на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат...

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче...