
Живот
Здравје
Во последните 24 часа регистрирани се 411 нови случаи на позитивни на ковид-19 од направени 1.153 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Половината од новите случаи се во Скопје – 208, потоа следат Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции.
Регистрирани сe 210 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Нема починати ниту од Регистарот од Мој Термин.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091
Во последните две недели почна да расте бројот на позитивни случаи на ковид 19, но интересот за вакцинација е мал.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.