Во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Објавил: Мате Парлоф | 17 април, 2022 15:51

Нови 89 случаи со корона вирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа направени се 1.649 тестови од кои се регистрирани 89 нови случаи со ковид-19, додека оздравеле 55 пациенти.

Во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Најголем дел од 89-те новозаболени лица (15 реинфекции) се регистрирани во Скопје – 46, потоа во Битола – 14, во Прилеп – 11, во Тетово, во Струмица и во Неготино – по 3, во Кавадарци и во Охрид – по 2, во Куманово, во Гевгелија, во Штип, во Струга и во Кичево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 милиони тестирања за ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.605, бројот на оздравени пациенти е 298.306, на починати е 9.261, а на активни случаи изнесува 1.038.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.