Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

Објавил: Перо Милчин | 26 август, 2019 19:54

Новото општинско училиште во Капиштец ќе го носи името „КИРО ГЛИГОРОВ“

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Советот на Општина Центар пред два дена го усвои предлогот, новото општинско училиште во населбата Капиштец да го носи името „Киро Глигоров”.

Изборот на името на ова училиште, е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

ООУ „Киро Глигоров” започна да се гради во 2016-та година и од септември ќе ги отвори вратите за првите ученици.

Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.

Киро Глигоров беше активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската Федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија.

По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година.

На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот...

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток...