Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел да им се олесни пристапот до здравствена заштита и да развијат навики за грижа на сопственото здравје.

Објавил: Владо Марин | 31 јули, 2021 16:21

НОВО ВОЗИЛО ЗА ИМП ДОБИВА ПОЛИКЛИНИКАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поликлиниката во Шуто Оризари ќе добие медицинско возило за брза помош и ќе обезбеди плати за две лица од Ромска националност кои ќе бидат ангажирани во период од две години.

Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел да им се олесни пристапот до здравствена заштита и да развијат навики за грижа на сопственото здравје.

Со фондацијата отворено општество Сорос потпишавме два меморандуми, за „Спроведување на ургентни интервенции во поликлиниката Шуто Оризари“ и меморандум за„Промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Република Македонија“.

Целта на соработката за развој на претприемништвото е да ги поддржи постојните бизниси и да вложи дополнителни финансиски средства за потикнување и развој на реализирање на нови бизнис идеи кај Ромското население со цел подобрување на социо-економскиот статус во општеството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...