Македонскиот репрезентативец ќе игра на позицијата на лево  крило а потпиша двегодишен договор со Р.К.Вардар и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2019 17:50

Ново засилување во Р.К Вардар- ова е замената за Дибиров

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

21 годишниот Димитар Димитриоски, e новиот ракометар кој ќе го облече дресот на црвено црните шампиони.

Димитар е новиот член на Р.К.Вардар

Македонскиот репрезентативец ќе игра на позицијата на лево  крило а потпиша двегодишен договор со Р.К.Вардар и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Димитриоски е еден од членовите на Р.К Вардар кој во клубот ќе внесат свежина и подмладување.

-Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Димитровски пет години настапуваше за екипата на Металург. Последната сезона го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Беше на списокот на репрезентативци за настап на СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ракометниот храм или како што изминатите години го нарекувавме ВУЛКАНОТ СЦ „Јане Сандански“ бесплатно ќе го даде на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски, човекот кој никогаш не криеше дека Вардар е негова слабост.

Сергеј Самсоненко не го изневери Вардар- уште еднаш ја покажа љубовта кон црвено-црните!

Сергеј Самсоненко креаторот и причината за незаборавните ракометни денови во Македонија...

Вардар, освен со овие тројца ракометари, претходно го продолжи договорот со искусниот Иван Чупиќ, а во екипата пристигна и Томислав Јагуриновски, додека иднината на Глеб Калараш наскоро ќе биде решена.

ШАМПИОНИТЕ ОСТАНАА: Стоилов, Дибиров и Дисингер потпишаа нови договори со Вардар!

Во текот на денешниот ден беше објавено дека Сергеј Горбок го напушта Вардар, но веднаш...