Нови цени на горивата

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2022 13:52

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението на РКЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Како што соопшти претходно, Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма кој бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

(ВИДЕО) Мухамед Зеќири спроведен во затворот во Шутка, судот му одреди притвор

Судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи, според соопштението...

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања.

132 илјади вработени во јавниот сектор – 73% Македонци, а 20% Албанци

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера го презентираше...