Бесим Деари како заменик директор на БЈБ е "идеалното" времено решение како е на оваа функција "заборавен" од 2002 година или точно 16 години како партиски кадар на ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 6:35

Нов директор на Бирото за Јавна Безбедност ќе се бира по Рамазан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По празнувањето на Курбан Бајрам министрите во среда повторно ќе заседаваат во Владата. Министерот Оливер Спасовски се очекува да го достави и новиот предлог за директор на БЈБ. Официјалното кадровско решение останува тајна за јавноста до последен момент. 

Функционер од МВР тврди дека се прават интензивни партиско полициски консултации со цел да се избере прв човек на Бирото. Тој мора да биде професионалец без политички багаж и партиски влијанија порачува поранешниот министер за внатрешни Павле Трајанов.

“Сега не ни треба политичка фигура на која ке и требаат година или две да го научи системот и работата. Сум за тоа да се најде некој од редот на професионалците но да се избере без политичко влијание чист професионалец без да потпаѓа под влијание.” – вели Павле Трајанов поранешен министер за внатрешни работи на Македонија.

Од 1998 до 1999 година Павле Трајанов бил министер за внатрешни работи. Претседател е на партијата Демократски сојуз. Бил во Собранието на Македонија во периодот 2006-2008 / 2008-2011 / 2011-2014 /2014-2016 година и тоа секогаш како коалиционен партнер на ВМРО – ДПМНЕ кои ги напушта во 2017 година кога од Владата на Република Македонија предводена од СДСМ е именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Новиот шеф на БЈБ ќе начека стабилна безбедносна состојба но пред него претстои месец со можни турбуленции вели Трајанов. Прв предизвик е мирен референдум но понатаму треба да се отвори војна со корупцијата и да ја штити стабилноста на граѓаните. Директорувањето во бирото за јавна безбедност е една од трите клучни функции во министерството. Под негова команда се 6 сектори криминалистичка полиција и разузнаваање за гранични работи.

“Моментално е стабилна но полeка состојба полека заврива можно е да има посериозни турбуленции во септември со кампањата за референдумот можно е да се вмешаат странски елементи внатрешни структури кои сакаат да го попречат интегрирањето во ЕУ сите тие работи БЈБ и УБК мора навреме да ги следат и да попречат било каква дестабилизација на државата. Ќе има задача да одржува стабилен јавниот ред и мир да се бори против тешките форми на криминалот – тероризмот – против загрозување на основните човекови права и слободи против напливот на илегално преминување на границата.” – вели Трајанов.

Привремено за јавната безбедност се грижи заменикот во БЈБ Бесим Деари кој го носи прекарот “вечниот” затоа што како кадар на ДУИ на таа функција е 16 години поточно од неговото прво именување во 2002 година.

Иако Велковски беше разрешен на владина седница пред шест дена неговата фотографија се уште е закачена на директорската позиција. Како можни наследници се вртат повеќе имиња а меѓу најсериозните кандидати се споменува сегашниот прв човек на СВР Скопје, Тони Јакимовски. Како луѓе од доверба на министерот кои би можеле да го водат БЈБ  се споменува и Сашо Тасевски сегашниот началник во 6-та Управа.  Тасевски целиот работен век го поминал како полицаец а неговата лојалност ја докажа и на 27-ми април кога го штитеше врвот на партијата во Собранието. Промените во БЈБ доаѓаат по скандалот со полицискиот џип Ренџ Ровер со кој во Грција се превезувала ќерката на Велковски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...