Тој објасни дека поранешни познати диви депонии во градот, Градот Скопје успеа да ги претвори во паркови, а денес истите ги посетуваат стотици граѓани кои живеат во близина. Тоа се парковите во Мичурин и во Кисела Вода, а истовремено се работи на уредување нов парк во Карпош, кој исто така порано беше позната дива депонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јануари, 2021 14:22

НОВ ЗЕЛЕН ПРОСТОР СЕ УРЕДУВА КАЈ МНТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје и МНТ уредуваат нов зелен простор во близина на кејот на Вардар, пред зградата на театарот. Деталите за новата зелена оаза што ќе никне во центарот на градот беа соопштени на денешната прес-конференција која се одржа во просториите на МНТ, под посебни протоколи за заштита од Ковид19.

– Ми претставува особена чест што сум денеска овде со вас, како претставник на Град Скопје кој што е поддржувач на овој убав проект. Уредуваме уште еден парк, со што градот ќе добие уште една зелена површина во Малиот ринг.

Зазеленувањето и здравата животна средина се наши врвни приоритети, а тоа го потврдуваме со фактот дека изминативе 3 години максимално се посветивме на враќање на загубеното зеленило во градот, зеленило кое што се уништуваше со години наназад. Сведоци сте дека континуирано подигнуваме нови паркови, уредуваме зелени површини, засадуваме садници, подигнуваме нови дрвореди, уредуваме зелени покриви, чекор по чекор го враќаме загубеното зеленило во Малиот ринг и системски се бориме против аерозагадувањето.

Само во есенската акција засадивме над 15.000 висококвалитени садници и тоа на повеќе локации низ Скопје. Воведовме и нови стандарди кога е во прашање квалитетот на зеленилото. Просечната висина на досега засадените дрвја е околу 5,5 метри, а ова е многу битно да се истакне зашто ваквите дрвја веднаш се вклопуваат во екосистемот и брзо даваат резултати кога е во прашање прочистувањето на воздухот – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој објасни дека поранешни познати диви депонии во градот, Градот Скопје успеа да ги претвори во паркови, а денес истите ги посетуваат стотици граѓани кои живеат во близина. Тоа се парковите во Мичурин и во Кисела Вода, а истовремено се работи на уредување нов парк во Карпош, кој исто така порано беше позната дива депонија.

 Паркот кој го уредуваме заедно со МНТ, се вклопува во сето тоа за што ние како град се залагаме и верувам дека ова ќе биде уште една од многуте успешни приказни кои ги создадовме, а за која заедно ќе се гордееме во иднина. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите позитивни иницијативи, особено тие кои директно влијаат за почиста и поздрава животна средина, а истовремено нема да ги оставиме на страна ни проектите кои Градот континуирано ги реализира и кои секојдневно придонесуваат сите да живееме во позелен и почист град – нагласи Салиху.

Уредувањето на просторот пред зградата на МНТ е дел од меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ – проект на 7 партнери од 6 земји. Координатор на проектот е Македонски народен театар од Скопје, Република Македонија, а преостанатите партнери се: La Dramaturgie од Италија, Eho animato од Србија, Loop од Грција, Studio Teatar од Босна и Херцеговина, Издавачката куќа „Гаврош“ од Република Северна Македонија и Студио за истражување на актерската уметност од Словенија. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот.

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ

ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ...

Оваа сервисна улица ќе може да ја користат ограничен број возила, во временски интервали исклучиво од 8 до 9 часот наутро и од 14 до 17 часот, времето кога вработените влегуваат и излегуваат – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градот Скопје вчера почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од...

Ова, меѓу другото, го изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на на новите реконструирани простории на Одделението за управни работи Кавадарци.

Спасовски: Реновирани просториите на ОУР Кавадарци, ги подобруваме условите за работа!

 „Ми причинува големо задоволство фактот што, преку денешниов настан, односно можноста...