Земјотресот бил почувствуван и во одредени делови на Македонија. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека утринава е регистриран земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Албанија, на растојание 160км југозападно од Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 11:36

Нов земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред околу еден час нов земјотрес ја потресе Албанија.Земјотресот се случи во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

Земјотресот бил почувствуван и во одредени делови на Македонија. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека утринава е регистриран земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Албанија, на растојание 160км југозападно од Скопје.

Катастрофалниот земјотрес кој во вторникот ја погоди Албанија беше насмртоносниот земјотрес за оваа година..

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на државата- Кичево, Охрид и Битола, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината според истата скала.

Инаку во вторникот Албанија беше погодена од катастрофален земјотрес со 6.4 степени според Рихтер и од тогаш тлото не мирува. Епицентарот се помести на север, а жителите на Албанија се уште се во страв да не се повтори земјотресот од пред една недела кога животот го загубија 51 лице.

Како што минатата недела објавија медиумите земјотресот според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, кој имаше јачина од 6,3 степени има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз. Со тоа овој земјотрес официјално станал најсмртоносниот земјотрес за оваа година.

Според степенот на Рихтеровата скала овој земјотрес не спаѓа ниту во 10-те најсилни во 2019-та година, сепак тој однесе најмногу жртви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ковачки се осврна и на моментот со спорењето на Гоце Делчев, и вели дека тој е во срцето на секој Македонец , исто како што е Ататурк за Турците...

Ковачки: Промената на името на униформата на АРМ и неинтонирање на химната е поразително!

Вчера вечер, во гостувањето на ТВ Алфа, полковникот во АРМ, Драган Ковачки, зборува...

М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.

ЧУЛЕВ: Уапсен таткото на Моника Ристеска кој брутално ја претепа својата ќерка!

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди...