Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

Објавил: Мате Парлоф | 16 април, 2022 17:03

НОВ НАПАД ВРЗ КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА НА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/24.мк

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина на полициско возило во месноста Шарпеј, близу Јариње во северно Косово, на границата со Србија.

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

Од увидот на местото на настанот е забележано дека на стаклата на возилото останало парче хартија, за кое се претпоставува дека потекнува од пакувањето на пиротехничките средства. Настанот се случил на место во близина на територијата на Србија, така што постои основано сомневање дека средствата се фрлени од српска територија. Полицијата била во извидување на илегален премин кој е затворен од пред извесно време, а кој се користел за шверц на стоки, се вели во соопштението.

Во настанот нема повредени лица, ниту материјална штета. Полицијата спроведува истрага и порача дека „ќе ги продолжи оперативните активности за спречување на прекуграничниот криминал во таа област и за гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.

Ова е петти напад врз полицијата на границата со Србија во последните четири дена.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на вонредна прес-конференција вчера информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничен премини во северно Косово, биле нападнати вчера наутро со рачна бомба и со калашников.

Свечља информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција, и тоа еден со поставување метални ланци со шилци на националниот пат кој води кон границата, вториот со фрлање камења кон полициско возило, а синоќа и утрово со огнено оружје.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека, според информации добиени од владини извори, нападите се извршени од српска територија и го повика официјален Белград да ги осуди и да се дистанцира од нив.

Канцеларијата на Европската унија и амбасадата на САД во Косово ги осудија нападите врз косовската полиција, и повикаа „да се избегнат шпекулациите кои можат да доведат до натамошно подигање на тензиите“ во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно...

Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

Брнабиќ: Барикадите што ги подигнаа Србите се повик за мир

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека барикадите што ги поставија Србите...