Угостителите од Охрид од здружението „Охридски еснаф“ сметаат дека мерките за дополнително скратување на работното време на нивните објекти за време на престојните празници само ќе придонесат за уште поголем ризик од појава на нови кластери на коронавирусот.

Објавил: Сара Фемина | 15 декември, 2020 7:19

Нов пакет рестриктивни мерки за празниците, охридските угостители предупредуваат на контраефекти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/ohrid news

Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Владата најави дека на утрешната седница ќе ги разгледаат предлозите на комисијата.

Угостителите од Охрид од здружението „Охридски еснаф“ сметаат дека мерките за дополнително скратување на работното време на нивните објекти за време на престојните празници само ќе придонесат за уште поголем ризик од појава на нови кластери на коронавирусот.

Михаил Мишев, претседател на здружението со оценка дека ограничувањето на работењето на кафеаните, кафулињата и рестораните до 18 часот ќе ги натера граѓаните да се самоорганизираат по куќи, викендички, закупени станови и на тој начин само да се зголеми ризикот од ширење на коронавирусот.

Сметаме дека е подобро во овие вонредни услови на епидемија да се има некаква контрола на забавите отколку тоа да се прави без каква било контрола по приватни објекти. Подобро на некој начин да се канализира однесувањето на луѓето за празниците отколку да се остави тоа да се прави на своја рака, до што ќе дојде доколку се спроведат предвидените мерки, истакна Мишев.

Михаил Мишев – Еснаф на угостители Охрид

Тој рече дека со нивниот и заедничкиот став на осумте здруженија на угостители од земјата е запознаена Комисијата за заразни болести, но оти нивниот овластен претставник денеска воопшто немал можност да ги презентира на седницата на која се разгледувале новите мерки.

Мишев вели дека ќе ги почитуваат сите мерки што ќе ги донесе Владата, но оти дополнителното скратување на работното време ќе доведе до уште поголеми проблеми во угостителскиот сектор кој и онака работи со преполовени капацитети и во околности далеку од вообичаените.

Охрид како наш најголем туристички центар годинава за првпат ќе ја дочека Новата година без организиран пречек на Градскиот плоштад и организирано присуство на туристи кои за новогодишните и божиќните празници ги имало и по десетина илјади, во најголем број од соседните држави.

Веројатно ќе има поединечни посети, но со оглед на општата ситуација наметната од епидемијата и забраната за организирани прослави, тоа ќе биде само индивидуално без некаков позначаен импакт врз туристичкиот промет.

Ohrid News

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“. Вели дека многу се ветуваше, но не е направено!

21 година од трагичниот настан кај местото Карпалак на патот Скопје

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски,...

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИВАНДЕН: Цвеќето има магична моќ!

Денеска се празнува Свети Јован- летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето...

Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ!

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Огромна...

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците! Во Клубот на пратениците...