Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне Владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта . Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2021 7:33

Нов протест за ослободување на осудените за нападот во Собранието најави Боби Темелков: Обновување на постапката или ќе падне Владата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фокус

Иницијаторот и еден од организаторите на протестот за слобода на осудените за нападот во Собранието од 2017 година, кој се одржа на 25-ти април, Боби Темелков од Светски Македонски конгрес – Канада, повторно најави нов протест. Според објавата која ја сподели велешанецот кој живее во Канада, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија на 29-ти Мај 2021 година (сабота) во Скопје по втор пат ќе организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “Правда за уставобранителите – слобода за Македонија!”.

Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне Владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта . Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот.

Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар ,,Даме Груев“, Булевар ,,Димитрие Чуповски“, Булевар „11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот. Семакедонскиот Народен протест пред Собранието ќе трае до 15 часот. На Семакедонскиот протест ќе биде интонирана националната химна ,,Денес над Македонија“ и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите Нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во Република Македонија. Семакедонскиот протест ќе биде без бина и без говори. Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество, без партиски знамиња. Декларацијата од Семакедонскиот протест ќе биде отпечатена на летоци и поделена на учесниците. Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа – наведено е во објавата, во која пишува дека организатори на протестот се Македонците во светот и татковината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Премиерот Заев истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини...

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО: И Македонската влада присутна

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на...

Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија.

Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев кој драматично паѓа поради криминалот и корупцијата

Не ме прашувајте дали сум подготвен да ги бранам националните интереси на државата,...