На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Објавил: Стојче Бушин | 4 јуни, 2020 15:36

НОВ РЕКОРД: Изминатото деноноќие над 120 заболени и двајца починати од ковид-19!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Прилеп 4
– Тетово 9
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 8
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој додава дека кај некои пациенти заболени од Ковид 19 состојбата е многу влошена и апелираше до граѓаните да бидат внимателни. Истакна дека секој од нас сака да се дружи но сепак социјалната дистанца во овој период е од особена важност. 

Д-р Жан Митрев: Кај некои пациенти ситуацијата е многу влошена, незнам дали воопшто може да се помогне

Во гостувањето на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само вистина“ доктор Жан Митрев...

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Во текот на утрешниот ден ќе функционираат дежурните ординации во трета смена во скопските поликлиники

Од Здравствен Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (среда, 15 јули),...

Воедно денеска Институтот за јавно здравје го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Македонија се приклучува на глобалната набавка на вакцини против КОВИД-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека нашата земја се приклучува...

За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел, вели Филипче.

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската...