
Живот
Земјотрес
Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска нешто пред 22:30 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во централна Хрватска, на 60 километри од Загреб, објави Сеизмолошкиот институт на Србија.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 13 километри од Сисак, во околината на Петриња, пишува порталот Индекс.хр.
Земјотресот бил пократок, но се почувствувале шокови и нишање, според порталот Загреб. За сега нема информации за материјална штета или повредени.
Според белградските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Србија.
Медиумите во БиХ наведуваат дека земјотресот се почувствувал и во таа земја!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.