
Забава
Интересно
Стотици илјади незадоволни купувачи на автомобили покренаа судски процес поради измамата со издувни гасови од германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“.
Незадоволството го изразија пред Вишиот покраински суд во Брауншвајг .
Имено станува збор за незадоволни купувачи кои од автомобилскиот гигант бараат да ги обештети поради манипулативниот софтвер вграден во автомобилите со дизел мотори, кој покажува погрешно ниво на издувни штетни материи.

За сега се уште е неизвесно дали ќе се прифати нивната жалба а судот допрва ќе оценува колкава е претрпената штета.
Наспроти купувачите од автомобилскиот гигант „Фолксваген“ тврдат дека нема никаква штета и продолжуваат да ги користат своите автомобили, а според германските закони употреба на софтвер кој манипулира со нивото на издувните податоци е спротивно на законите.
Тужителите во процесот се претставувани од Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и од германскиот автомобилски клуб АДАК. Тие претставуваат околу 470.000 клиенти на „Фолксваген“.
Ова не е прв ваков скандал, во 2015 година групацијата „Фолксваген“ исплати казни од неколку милијарди долари во САД, каде беше откриена манипулација со вредноста на штетните издувни гасови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.