Откако министерството за образование и наука склучи 27 договори во 4 очи за 3 дена во висина од 7.5. милиони евра, склучен уште еден, во висина од 2.5. милиони евра

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 14:58

Нов тендер во 4 очи од министерството за образование тежок 2.5 милиони евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за образование и наука на 14 август годинава склучило договорво четири очи за набавка на учебници, во вредност од 2.5 милиони евра.

На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои Министерство за образование и наука и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 149.027.811 денари.

Претходно беше објавено дека Министерството за образование и наука склучило 27 договори во 4 очи и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 7.5 милиони евра.

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи.

На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.