Како што пренесоа српските медиуми против 47-годишната пејачка наводно е покрената казнена пријава и тоа од Центарот за социјална работа. Ова е првпат Центарот, со кој Северина има проблеми подолго време, да покрене пријава против неа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 10:55

Нов удар за пејачката: Центарот за социјална работа покрена пријава против Северина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата хрватска пејачка Северина поминува низ тежок период. Откако и беше одземен синот сега таа мора да се справува и со пријави.

Како што пренесоа српските медиуми против 47-годишната пејачка наводно е покрената казнена пријава и тоа од Центарот за социјална работа. Ова е првпат Центарот, со кој Северина има проблеми подолго време, да покрене пријава против неа.

Пред околу два месеци пејачката Северина по одлуката на судот во Загреб му го предаде детето на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ.

Војната помеѓу Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ со кого веќе подолго време води судски спор започна по нивниот развод.  Северина имаше и проблеми со Центарот за социјална работа.

Таа сега ужива во Франција со својот сопруг, синот на познатиот фолк пејач Кеба, Игор Којиќ Франција, во Загреб против неа не покренуваат тужби.

-Во конкретниот случај Центарот не може да изнесува детали за текот на постапката и семејната ситуација со оглед на тоа дека при изнесувањето на податоци во јавноста се кршат законските прописи, порачале за 24сата од Центарот.

Адвокатите на Северина истакнале дека немаат сознанија за таква пријава, ниту пак за причините за евентуалното нејзино покренување.

Северина Којиќ пред два месеци го загуби спорот со Милан Поповиќ (54). Таа плаќа алиментација од 1.200 куни или 160 евра.

Со привремената мерка одредено е дека Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд, почнувајќи од овој. Детето може да го превземе во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, празници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија...