Ценовен шок на зејтинот

Објавил: admin@magazin | 8 ноември, 2021 15:16

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Зејтинот надмина 100 денари

Фото/Текст извор: ©магазин

Продолжува растот на цените на маслото за јадење.

Зејтинот од марката „Брилијант“ веќе се продава по 105 денари за еден литар, а „Кристал“ може да се најде за 95 денари. Сончогледовото масло „Флориол“ вообичаено е поскапо од другите типови на зејтин и сега се продава по цена од 120 денари за литар, пишува Слободен печат!

Во Македонија само една компанија е производител на масло за јадење „од нива до трпеза“, односно го преработува сончогледот, а тоа е „Благој Ѓорев“ од Велес , додека другите се увозници на нерафинирано масло за јадење и потоа го допреработуваат.
 
И едните и другите ја најавија корекцијата на цената. Рафинериите за масло за јадење ја посочија високата цена на нерафинираното масло во странство, а од „Благој Ѓорев“ рекоа дека цената на сончогледот на берзите значително се зголемила, а дека е зголемена и цената на транспортот и на амбалажата.

– За жал, и покрај тоа што нудиме договорено производство со задоволителна цена, интересот кај нашите земјоделци за одгледување на сончоглед е мал, за разлика од некои поранешни времиња. Затоа, во мал процент е искористен и капацитетот на фабриката – изјави за „Слободен печат“ Румен Смилевски, сопственик на компанијата „Малина“, која е втор најголем акционер во „Благој Ѓорев“.

Она што е уште позагрижувачко се најавите од Организацијата за храна на Обединетите нации која соопшти дека „растот на цените на житарките и растителните масла ги повлекува со себе и другите типови храна, а растат и цените на земјоделските производи, затоа што жетвата годинава задоцни поради ковид-пандемијата, а сега наеднаш има висока побарувачка“.

Пред пандемијата маслото за јадење можевме да го купиме по цени околу 65 денари за еден литар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Бункерите во Албанија сведочат за минатото, се бараат алтернативни решенија за користење

Последниве две години особено, Албанија бележи рекорден раст по бројот на странски...

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицкоски за Маричиќ: Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ги коментираше денешните случувања...

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително...

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки, вели Бектеши

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето...