Новак Ѓоковиќ повторно го освои Дубаи!

Објавил: Стојче Бушин | 29 февруари, 2020 19:59

НОЛЕ ШАМПИОН: Ѓоковиќ ја освои петтата титула во Дубаи

Фото/Текст извор: ©Спорт 1

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пети пат го освои турнирот во Дубаи, во моментов има 21 победа во низа, а од Обединетите Арапски Емирати порача: „Сакам да останам непоразен цела сезона“.

Факт е дека ова е тешко остварливо, особено што веќе е во поодминати години, но воедно не е невозможно кога е во прашање Ѓоковиќ.

Ова беше одлична недела за мене, која заврши со победа над Циципас. Никогаш не е лесно да се игра против него. И тој е во одлична серија, беше прилично тешко. Момент за пресврт беше првиот сет, истакна Србинот.

Целта на Новак е јасна, а со пораката и се „закани“  на конкуренцијата, пред се на Надал и Федерер.

Сакам да останам непоразен цела сезона, се шегувам, всушност не се шегувам! Зошто да не биде така. Имав добар старт годинава. Ќе се обидам да продолжам да победувам, да добивам што повеќе самодоверба, додаде Србинот.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Тој имаше закани од Албанците кога рече дека Косово е Србија, откри Дијана Ѓоковиќ во една ТВ емисија.

АЛБАНЦИТЕ НИ СЕ ЗАКАНУВАА КОГА НОВАК ИЗЈАВИ ДЕКА КОСОВО Е СРБИЈА: Дијана Ѓоковиќ открива кога стравувала за животот на својот син!

Дијана Ѓоковиќ, мајка на број еден тенисерот, Новак Ѓоковиќ, зборуваше во ТВ серијата...

Засега не е познато за каков вид на помош станува збор, но Италијанците велат дека станува збор за голема сума. Она што најмногу ги воодушеви беше неговата желба да биде анонимно. Сепак, овие информации беа објавени.

НОЛЕ ГОЛЕМ СИ! Најдобриот српски тенисер уште еднаш го воодушеви светот: После Србија помогна и на Италија во борбата против коронавирусот!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, донираше во болницата во Бергамо, местото...

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Филип Краинановиќ што требаше да учествуваат во мастерс во Индијан Велс, имаа среќа да го фатат еден од последните летови на САД кон Европа

Ѓоковиќ со тимот го фати последниот лет за Европа: Србинот ЗБРИША од Америка во последен момент

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот тим го фатија последниот лет за...