Таа тврди дека работела согласно закон и дека ја имам безрезервната поддршка од сите колеги.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2021 6:09

Нора Шаќири глумела лудило па ја разрешиле од директорската функција во „Театар комедија“

Фото/Текст извор: ©а1 он/магазин

Досегашната в.д. директорка на НУ Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ, се огласи на својот Фејсбук профил, а откако денеска беше разрешена од директорската позиција во театарот со кој раководеше 10 месеци.

Таа вели дека како директор повела дисциплинска постапка против вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор заминал на патување и истото го поткрепил со фотографии и за истото се изјаснил пред комисијата која го донела решението за дисциплинска казна дека е виновен и ја прифатил казната.

„По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека инспекторот за труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен“, пишува Шакири.

Таа тврди дека работела согласно закон и дека ја имам безрезервната поддршка од сите колеги.

„Се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот. Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас. Горда сум на се досега направено. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за краководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение. Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме Театар Комедија во полн сјај“, вели Шакири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

– Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Набавен гас за топланите за цел декември

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен...