Злосторството во градот Конгсберг предизвика тага и ужасеност во Норвешка. Осомничениот напаѓач, кој со лак и стрели, уби пет и рани две лица е 37- годишен Данец, соопшти норвешката полиција.
Пет лица загинаа, а две се повредени, гласеше последниот трагичен биланс објавен доцна синоќа од страна на норвешката полиција по крвавиот вооружен напад во градот Конгсберг кој се наоѓа 70 километри северозападно од престолнината Осло. Двете лица кои се повредени, еден од нив е полицаец кој бил на должност, се на лечење во болница. Осомничениот маж, за кој се смета дека носел лак и стрели, е приведен. По сѐ изгледа злосторството го извршил сам, и полицијата не трага по други осомничени.
Нападот се случи околу 18.30 минути по локално во Конгсберг, а мотивите на напаѓачот на засега не се познати. Прерано е да се каже дали овој чин е мотивиран со тероризам, соопшти полицијата вчеравечер.
Утрината, пак тааобјави дека напаѓачот е 37-годишен Данец кој живее во Конгсберг и против него е подигнато обвинение. Од полицијата објавија дека ја откриле националноста на напаѓачот да ги спречат гласините откако на социјалните медиуми се појавиле пограшни информации.
Во тек е испитувањето на осомничениот и тој соработува, изјави неговиот адвокат, а тоа беше потврдено и од страна на полицијата. Нападот се одвивал повеќе од половина час на пошироко подрачје во Конгсберг, вклучувајќи ја и продавницата Куп Екстра, објави весникот Афтенпостен.
Детали за жртвите во нападот не се објавени.
Насилниот инцидент се случи 10 години по најлошиот терористички напад во Норвешка, кога десничарски екстремист уби 77 луѓе. Андерс Беринг Брејвик на 22 јули 2011 година детонираше автомобил бомба во Осло, убивајќи 8 лица, пред да отиде на островот Итоја, каде отвори оган на посетителите на годишниот летен камп кој го организираа младите од Лабуристичката партија, при што уби 69 луѓе, главно тинејџери и млади возрасни луѓе.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.