Норвешка е против предлогот на Европската Унија за поставување вештачка горна граница на цените за рускиот природен гас, соопшти министерството за нафта и енергетика на таа земја.
„Тоа би можело да го влоши проблемот со кој Европа веќе се соочува – со можен недостиг од гас“, кажа Стајн Гримсруд, портпаролот на норвешкото министерство, за руски Известија.
Норвешкото министерство ги потврди плановите оваа година на ЕУ да ѝ се испорачаат околу 122 милијарди кубни метри гас. За споредба, Русија во 2022 година во блокот испорачуваше околу 130 милијарди кубни метри преку гасоводи и 20 милијарди кубни метри течен природен гас (ЛНГ) годишно, пренесува Раша тудеј.
Норвешка стана главен доставувач на гас за Европа по намалувањето на руските испораки поради западните санкции и техничките проблеми. Уделот на гас кој се увезува во блокот од Русија падна од 41 на 9 отсто од почетокот на годината, изјави неодамна европската комесарка за енергетика Кадри Симсон.
Норвешка претходно беше втор најголем снабдувач на ЕУ со гас, покривајќи околу 20 отсто од нејзините потреби. Ова лето официјално Осло издаде дозволи за вадење гас на седум нови морски полиња за да се зголеми производството на гас за 8 отсто во однос на 2021.
„Норвешка не е во состојба да ја реши актуелната енергетска криза бидејќи сериозно зголемување на нејзиниот извоз е невозможно поради ограничените резерви. Исто така, напоменуваме дека Норвешка го зголеми профитот поради растот на цената на гасот и не планира да учествува во поставување горна граница на цените на гасот. Осло им нуди на своите европски партнери да работат на основа на долгорочни договори“, пренесува Известија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.