Во некој "паралелен" свет сепак владее политички здрав разум и одговорност

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 7:35

Норвешки министер поднесе оставка поради приватна посета на Иран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг денеска поднесе оставка по острите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што  приватно патувал во Иран и Кина а за што не ја известил владата.

Сандберг [ 58 ] не ги наведе причините поради кои однапред не ги известил надредените за тоа патување  одмор во јули во Иран каде што бил со својата партнерка Иранка и пат во Кина во мај.

По враќањето од Иран неговиот службен телефон е предмет на норвешката разузнавачка служба која проверува да не е хакиран бидејќи агенцијата смета дека Иран е “земја со висок ризик” кога станува збор за електронски надзор.

Министрите имаат обврска да го известат кабинетот на премиерот за тоа каде патуваат без оглед на дестинацијата а исто така им е забранета употреба на службен телефон во земјите со кои Норвешка нема воспоставено соработка на полето на безбедноста.

За нов министер за рибарство во норвешката влада е именуван Харалд Несвик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.