Но овој пат со оваа мерка граѓаните имаат можност да добијат сто проценти субвенција.

Објавил: Валерија Петрова | 18 септември, 2019 15:48

Носите печка на дрва добивате клима – нова мерка на Владата

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

И оваа година Владата ги продолжи субевнциите за климите инвертер пред почетокот на грејната сезона.

Но овој пат со оваа мерка граѓаните имаат можност да добијат сто проценти субвенција.

– Секој граѓанин кој ќе сака да добие сто-постотна субвенција за замена на печката на дрво со високо ефикасен инвертер ќе потпише договор со општината каде живее и ќе се обврзе дека ќе го даде грејното тело кое е на дрва, а на сметка на тоа ќе користи високо ефикасен инвертор, изјави денеска заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули

Како што рече Макрадули, со потпишувањето на договор со Општината, граѓанинот ќе се обврзе дека во неговиот дом може да се направи контрола за да се провери дали ја користи климата. За секоја злоупотреба, рече тој, ќе има санкции.

За бесплатна инвертер клима ќе треба да ја предадете печката на дрва

-Никогаш не е доцна за добра мерка. Оваа мерка зависи од финансиските средства и мора да се склопи како законско решение, ќе бидат предвидени стандардите, нема да дозволиме инвертори без гаранција – рече Макрадули додавајќи дека Данска субвенционирала по 530 евра за оваа мерка, Германија по 1.000 евра, а дека мерката се спроведува и во Полска, Чешка, Словачка и Бугарија.

-Предност ќе имаат ранливите семејства и зоните кои се осетливи, како Ново Лисиче. Досегашниот топлотен комфор ќе биде заменет со два инвертори, а вредноста на тој систем е околу 1000 евра – рече Макрадули.

Право на учество 

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

-да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари)

-инвертерот да го купил во 2019 година, се до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери

-да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект)

-до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут

-станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее

-да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи

-да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година

-Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Вице и Трајче Заеви и должат на државата над 26 милиони денари

Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на...

Премиерот додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

Конечно и кај нас ќе поевтини зелениот картон!?

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при...