На Блискиот Исток ќе се зголеми тероризмот и религискиот екстремизам, тврди Нострадамус,во својата книга.

Објавил: admin@magazin | 18 декември, 2018 20:11

Нострадамус за 2019: Почнува страшна војна

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нострадамус е автор на една од најпознатите книги за пророштвата издадена некогаш. Во своите „пророштва“ успеал да предвиди неколку клучни моменти во историјата за човештвото, како што е 11. септември и доаѓањето на Хитлер на власт во Германија.

Според неговата објавена книга во 2019 година предвидел дека ќе започне Трета светска војна која ќе трае скоро 30 години.
Освен војна, Европа ќе ја погодат страшни поплави, додека Северна Америка ќе биде на удар на земјотреси.
На Блискиот Исток ќе се зголеми тероризмот и религискиот екстремизам, тврди Нострадамус.

Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со Кабалата.

Мишел де Нотрдам е попознат како Нострадамус бил француски аптекар и почитуван јасновидец кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци. Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со Кабалата.

 Во 1555 година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во Лион под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на Хенрих II не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од Провенса. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и Катерина Медичи, со која станале големи пријатели.

Според неговите предвидувања, светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, а научниците ќе измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме 200 години.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.