Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата, како и Законот за климатска акција чија прва работна верзија се финализира.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 април, 2021 13:02

Нуредини: Се заложуваме за 51% редукција на стакленичките гасови до 2030 кон Парискиот Договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Со посебно задоволство информирам дека на вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“ соопшти Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран е на ублажувањето на климатските промени.

„Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека истиот го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции“ дополнува Нуредини.

Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани  63 политики и мерки за ублажување во секторите : 

  • Енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт),
  • Земјоделство, 
  • Шумарство и друга употреба на земјиште, 
  • Отпад и 
  • Дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување). 

Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима. 

Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата,  како и Законот за климатска акција чија прва работна верзија се финализира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...