„Јас немам намера да се спуштам на нивото на јавната дебата, бидејќи не станува збор за општите и посебните услови кои јас треба да ги исполнувам како вонреден професор.

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2019 18:44

НУХИУ: „Не чувствувам одговорност за скандалот и нема да се повлечам од функцијата„

Фото/Текст извор: ©24вести

Агим Нухиу, тврди дека нема ништо спорно што добил унапредување како вонреден професор на Тетовскиот универзитет додека седи во заменичката фотелја во МВР, пренесува ТВ24.

За прв пат заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу за ТВ24 даде изјава во јавноста по скандалот на Тетовскиот универзитет со незаконските унапредувања во академската кариера на актуелни функционери, меѓу кои е и тој. Прстот го впери во Универзитетот. И ги повика институциите, да го истражат случајот иако тој е втор човек во една од нив.

– „Јас немам намера да се спуштам на нивото на јавната дебата, бидејќи не станува збор за општите и посебните услови кои јас треба да ги исполнувам како вонреден професор. И во времето кога бев избран и сега ги исполнувам условите за академска личност. За дилемите во однос на процедурата надлежен е Тетовскиот универзитет- вели во изјава за ТВ 24 Нухиу.

Деновиве од скандалот кој го откри инспекторот Илиевски се огради и министерот за образование Арбер Адеми, но денес не одговори на нашите повици.
Инспекторот Илиевски тврди дека покрај незаконското напредување, тројцата функционери добивале пари преку интелектуални договори од 2015 до 2017 година, за којшто период и се товарат. Бара со случајот да се позанимаваат премиерот Заев и ДУИ.

 „Овие јавни функционери, тројца, добиваат надокнада на финансиски средства што е спротивно со Закон за високо образование. Ќе треба тие парични средства да ги вратат и да се сноси одговорност. Одговорност што треба да ја има покрај овие е злоупотреба на службената положба, значи неморалноста и во една правна држава, ако сакаме да бидеме да се приклучиме кон европските тенденции тогаш нема што да чекаат. Тие уште вчера требаше да поснесат неотповикливи оставки“. – вели Илиевски.

Доказите на инспекторот покажуваат дека Адеми незаконски бил избран за доцент, а двајцата актуелни државни функционери Нухиу и Директорот на државниот завод за индустриска сопственост, Емрули незаконски напредувале во наставно-научните звања, иако работниот однос на Универзитетот им бил во мирување, а тие биле функционери.
Од тетовскиот универзитет и денеска молк. Молк и од институциите, освен Просветниот инспекторат кој се огради од тврдењата на нивниот инспектор и најави вонредна контрола на Универзитетот. Последниот збор ќе го каже Антикорупциска, откако ќе го истражи случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно