ГОЛЕМИОТ ХЕРОЈ – МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ
Златното момче денеска го преплива Охридското езеро во чест на Свети Наум Охридски, чиј празник се прославува на денешниот ден.
За Марко македонската јавност дозна пред три години, кога на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата) успеа да го преплива Охридското езеро.
Марко на крајот на август минатата година изведе вистински подвиг кога го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до градското пристаниште.
Патеката ја преплива за околу девет часа, а бидејќи има некроза на ногата, најмногу ги користеше рацете. Малиот Пејчиновски тогаш изјави дека плива оти сака да оздрави кога ќе порасне.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.