Високите температури со натпросечни вредности што ја зафатија земјава, не се поволни за земјоделството.
Агрометеоролозите велат дека топлото време, невообичаено за овој период од годината, може да го забрза развојот на растенијата, но и да предизвика нарушување на водниот баланс, што, пак, може да доведе до воден дефицит и сушење.
Затоа, советуваат, земјоделците да посветат поголемо внимание на наводнувањето и да продолжат со другите агротехнички мерки.
Ако временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки како пролетната обработка на почвата, уништувањето на плевелите, ѓубрењето, подготовката на почвата за сеидба на раните пролетни култури, садењето одредени раноградинарски култури, заштитата на овошните видови од појава и развој на болести и штетници, апелираат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, високите температури ја зголемуваат транспирацијата, што доведува до поголема потрошувачка на вода.
Топлото време во овој период од годината е невообичаено и неповолно за земјоделските култури. Изминатава недела беа достигнати натпросечни вредности на температурата на воздухот, кои не се карактеристични за овој период.
Порастот на температурата на воздухот може да го забрза темпото на развој на растенијата и времето на настапување на фенолошките фази. Високите температури ја зголемуваат транспирацијата и евапотранспирацијата што доведува до поголема потрошувачка на вода.
Растенијата губат повеќе вода преку транспирација отколку што нивниот коренов систем може да прими вода од почвата. Тоа може да предизвика нарушување на водниот баланс во растението, т. е. појавата на воден дефицит и суша, објаснуваат агрометеоролозите.
УХМР најавува дека од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 14 степени, а максималната од 16 до 30.
Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 17.4.2024
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално, особено попладне, врнежите ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и услови за ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13°C, а максималната од 15 до 23°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
7 Берово, 8 Лазарополе, 10 Охрид, Крива Паланка, Попова Шапка, 11 Маврови Анови, Дебар, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 13 Битола, Штип, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, 14 Крушево, Виница, 15 Скопје-Зајчев Рид, Тетово.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 12.5, Дојранско Езеро 20.4.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.