Причината за нивното доаѓање на работа во зградата на СЈО, е тоа што државниот обвинител Љубомир Јовески ги задолжил специјалните обвинители да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 10:37

Обвинителите од СЈО и утрово дојдоа на работа за да ги чуваат предметите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото фокус

Иако вчера Советот на јавните обвинители  ги врати спцијалните обвинители на СЈО во своите матични обвинителства, тие денес повторно пристигнаа на работа во зградата на Рузвелтова.

СЈО е формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача беше да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година. 

Причината за нивното доаѓање на работа во зградата на СЈО, е тоа што државниот обвинител Љубомир Јовески ги задолжил специјалните обвинители да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд.

Имено по целата ситуација која се случи со СЈО, и по вчерашната одлука за враќање на обвинителите во своите обвинителства од каде беа донесени, Јовески ќе треба да одлучи за секој предмет поединечно, односно кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите пред суд.

Како што објави Фокус во игра се две опции како Јовески би можел да ја реши целата ситуација.

Првата опција е обвинителот Јовески да ги делегира досегашните обвинители, односно да им ги остави предметите да ги довршат, но втората опција е да се формира одделение во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за што не се потребни законски измени. Тогаш би се разпишал конкурсн, на кој пак би можеле да конкурираат обвинителите од СЈО и да станат дел од тимот на Вилма Русковска.

СЈО досега има отворено десетици истраги и подигнато обвиненија против бројни политичари и државни функционери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...