Обвинителот Рустеми знае многу за случајот со фирмата “Дрим Билдинг“ која платила рекет од 233.000 евра на Боки Тредичи

Објавил: Данаил Михајловски | 16 август, 2019 12:20

Обвинителот Рустеми може да биде еден од клучните сведоци за вмешаноста на Катица во “Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин

Магазин дојде до документи кои откриваат многу детали за случајот на плаќање “Рекет“ од 233.000 евра од фирмата “Дрим Билдинг“, управувана од Ардијан Амзоски, зет на Фијат Цаноски, фактурирани на име на Јасна Мандиќ, еден од основачите на Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи. За целата оваа ситуација добро бил запознаен и обвинителот од СЈО, г-н Бурим Рустеми, бидејќи истиот е дел од тимот на обвинители на Катица Јанева кои прво, на 13-ти октомври 2017 донесле решение за воспоставување на стварна надлежност врз предметот на ОЈО-Скопје кој се водел против Ардијан Амзоски и “Фине ДОО Скопје“, а само по две недели, на 26-ти октомври 2017 година, донесле решение за запирање на кривичната постапка против Ардијан Амзоски за објектот “Космос“. Накратко, изгледа дека зетот на Фијат Цаноски со 233.000 евра си го платил непродолжувањето на судскиот случај против него, а за чие запирање клучен бил потписот на обвинителката Јанева!

Дали Катица Јанева смислено се откажала од судскиот случај во кој тужен бил Ардијан Амзоски, кој кратко време потоа му префрил 233.000 евра, (како услуга, аванс или рекет) на Меѓународниот Сојуз на Боки 13!?

Денешното сведочење на обвинителот Рустеми е многу битно за судбината на Катица Јанева, и за тоа дали и таа ќе биде осомничена или наскоро можеби и обвинета во мега скандалот “Рекет“? Затоа што сите овие постапки биле сторени со потпис на специјалната обвинителка Катица Јанева, но за текот на целата постапка бил запознаен и учествувал со свои извештаи, мислења и предлози, и обвинителот Бурим Рустеми, како помошник на Катица Јанева и предметен обвинител за случајот “ТНТ“, во кој лицето Ардијан Амзоски и фирмата “ФИНЕ ДОО“ од тужени, стануваат оштетени странки. Инаку парите од Ардијан Амзоски, преку фирмата “Дрим Билдинг“ од Струга, во денарска вредност изнесувале 16.103.986 денари, и што е многу чудно вкупните приходи на неговата фирма во 2017 година изнесувале 14.385.386 денари, односно речиси 1.000.000 денари помалку од уплатениот износ на Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи. Прашање е дали обвинителот Бурим Рустеми знаел или требало да знае за овој податок, дали се проверило потеклото на парите на фирмата на зетот на Фијат Цаноски? Дали обвинителот Бурим Рустеми знаел за потпишувањето на меморандумот меѓу “Дрим Билдинг“ и Меѓународниот Сојуз за изградба на центар за возрасни лица во општина Карпош? Дали Бурим Рустеми се посомневал во постапките на специјалната обвинителка Јанева, дали ја предупредил писмено или усно за можните последици, или можеби бил соучесник во овој дел од скандалот “Рекет“?

Во следните броеви Магазин ќе објавува делови од тие документи кои фрлаат светлина на оваа темна страна на постапките на СЈО, а поврзани со Ардијан Амзоски, Фијат Цаноски, Катица Јанева и Боки Тредичи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...