Тој по приведувањето е упатен во Кривичниот суд во Скопје, каде е на распит пред судија по претходна постапка.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 март, 2021 14:57

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА КАМЧЕВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителката Вилма Рускоска за МИА потврди дека за бизнсименот Орце Камчев ќе биде побаран притвор, пренесе тв24!

Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.

Тој по приведувањето е упатен во Кривичниот суд во Скопје, каде е на распит пред судија по претходна постапка.

Според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до обвинителството ја доставиле Агенцијата за национална безбедност.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај.

Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести