
Македонија
Вести
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 обелодени дека обивнителството работи на повеќе предмети поврзани со Електрани на Македонија“, РЕК „Битола“ и случаи поврзани со набавка на енергенти.
„Еве првпат ќе ви соопштам дека во моментов Основното јавно обвинителство Битола работи на шест постапки за тендери. Плус работи и на други, за други постапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму, што значи дека има доста работа. Се прибираат докази. Во еден дел активирани се и МВР и БЈБ со нивното Одделение за сузбивање на криминалот, така што во скоро време очекувам и таму да имаме резултати“, кажа Коцевски.
МВР со кривични пријави против 23 лица во акцијата „Адитив“ за злоупотреба и перење пари
Овие предмети ги води обвинителството во Битола зошто причината за тоа е што потенцијалните кривични дела се случиле на територијата која ја покрива тоа обвинителство. А најголемиот енергетски капацитет на таа територија е РЕК „Битола“.
Васко Ковачевски во друштво на Груби и Бајрами – распишана меѓународна потерница и по него
Во истрагата позната во јавноста како случај „Адитив“ осомничени се 23 лица кои учестувале во набавката за адитиви за потребите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ и кои истите биле плаќани неколкукратно поскапо и речиси не се ни употребувале. Има сомненија дека адитивот предизвикал и штета на машините, таму каде што бил употребен. Истрагата се отвори по новинарски истражувања на ИРЛ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.