ЕУ агенцијата за борба против криминалот ОЛАФ е запознаена со случајот “Рекет“ и бара оваа афера да се расчисти до крај!

Објавил: Данаил Михајловски | 16 јули, 2019 10:55

Обвинителството во 1ТВ пронашло прислушкувани материјали од СЈО?

Фото/Текст извор: ©магазин

Од извори блиски до обвинителството, Магазин дознава дека при вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, чиј неформален сопственик е Боки13, пронајдени се компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои се и Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други. Материјалите биле обработени, селектирани и спремни за изнуда на рекет од бизнисмените, а истите се претпоставува дека се копии од незаконито прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО. За ваквите материјали и за целата истрага рекет свој придонес дале и професионалци од ОЛАФ (European Anti-Fraud Office), европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари, кои соработуваат со делегацијата на ЕУ во Скопје. Се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од оваа групација за медиумско-политички рекет преку злоупотреба на материјалите од СЈО.

Вчера, по препорака на неколку амбасади од земји членки на ЕУ, а по претходна пријава од еден македонски бизнисмен на кој му биле изнудувани големи суми на пари, започна акцијата “Рекет“, при што е определен 30 дневен притвор за Боки 13 и Зоран Кичеец. Шефицата на организиран криминал соопшти дека мерката е одредена по сите 3 основи. Рускоска потврди дека е одземен телефонот на обвинителката Катица Јанева за дасе  утврди дали постоела комуникација со првоосомничениот, но кај неа сеуште немало извршен претрес. Претходно обвинителката Јанева поднесе писмена оставка од челното место во СЈО, при што наведе дека причините се политички, односно дека не сака таа да биде искористена како изговор за непостигнување на договор околу новиот закон за обвинителство. Сепак, медиумите шпекулираат дека вистинските причини за нејзината оставка се поврзани со случајот “Рекет“ и апсењето на Боки13, за кого се знае дека имал многу блиски релации со Катица Јанева, како и со нејзиниот син Лазар, кој е директор на маркетинг службата во 1ТВ. Вчера Боки13 бил уапсен на граничниот премин Богородина, а во тоа време во неговиот автомобил бил заедно со А. Кочишки и Л. Филиповска, на пат кон Грција. Се шпекулира дека кај него и кај Зоки Кичеец се пронајдени и запленети околу 450.000 евра во кеш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести