Обвинителството тврди дека Рашковски давал насоки за изготвување на документацијата за тендерите за истите да упатуваат на конкретен патент и со учесниците во набавката комуницирал лично.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 октомври, 2021 15:42

Обвинителството го потврди обвинението за Рашковски: Опфаќа четири набавки и исплата на хонорари

Фото/Текст извор: ©360

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција објави дека бараат и продолжување на куќниот притвор за Драги Рашковски и Даниел Станчев, како и привремено замрзнување на имотот! Од објавените детали, покрај информации за тендерите и исплатата на хонорарите, се посочува и дека од јуни 2017 до почетокот на мај оваа година, Рашковски пуштил во оптек 5 378 319 денари (87 500 евра), а за кои се тврди дека потекнуваат од кривично дело. Парите ги уплаќал на неговите и на сметките на членовите на неговото семејство, а предвремено ги отплатил и кредитите!

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) официјално потврди, како што претходно објави „360 степени“, дека денеска до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесено обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест други лица.

Во случајот за кој е поднесен обвинителниот акт се споени два предмети поврзани со спорните набавки на два софтвери – едниот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци и еден за биометриска идентификација. Рашковски е првообвинет и му се става на товар дека во периодот од јуни 2017 до февруари 2021 како генерален секретар извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари. Второ и третообвинетиот како негови надворешни соработници, според обвинителството, со умисла му помагале во повеќекратното извршување на кривичното дело злоупотребата на службената положба, четвртообвинетиот – сопственик и управител на фирма, пак, му помагал во една јавна набавка. Исто како и четвртообвинетиот, и останатите обвинети се гонат за по за по едно кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Обвинението опфаќа четири набавки и тоа на: систем за биометриска идентификација; софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни; ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила; и на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Тендерите тежеле 284 000 евра

Обвинителството тврди дека Рашковски давал насоки за изготвување на документацијата за тендерите за истите да упатуваат на конкретен патент и со учесниците во набавката комуницирал лично.

„Првообвинетиот јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17 474 137 денари (околу 284 000 евра)“,велат од ОЈОГОКК.

Во серијата истражувачки стории што ги објави „360 степени“, од кои првата ја објавивме пред точно седум месеци, пишувавме за спорната набавка на софтверот за сообраќајни казни, како и дека пред да го купи како генерален секретар на Владата, Рашковски лично развил таков софтвер за сообраќајни казни и го патентирал. Тој тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...