По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија да ја одземат, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.
За првпат од 2006 година кога ДИК се дигитализираше, граѓаните не можеа ниту да го следат броењето на гласовите и резултатите од избори, туку да видат каков било друг податок од клучниот орган за спроведување на изборниот процес, зашто сајтот падна вечерта по затворањето на избирачките места на 15 јули и беше мртов во наредните неколку дена.
Обвинителството најави дека по соопштувањето на конечните резултати од предвремените парламентарни избори, ќе отвори предмет за случувањата во ДИК, за да не влијае врз нејзината работа претходно. Но, САКАМДАКАЖАМ.МК влезе во јавнодостапната тендерска постапка и воочи нерегуларности за тоа како компјутерската фирма која била задолжена да ја одржува вебстраната на Комисијата, добила на јавната набавка недела дена пред изборите.
Набавката на софтверот е спроведена со преговарање без објавување на оглас, а како најповолен понудувач беше избрана фирмата „Дуна“. Двете компании биле поканети на преговори од ДИК на 19 јуни 2020, а фирмите утредента ги доставиле понудите. Одлуката за избор на „Дуна“ е донесена на 22 јуни 2020. Истиот ден, „Ај Воут“ поднела жалба, која што е одбиена од Државната комисија за жалби по јавни набавки како неоснована на 8 јули 2020.
За оваа набавка беше распишан тендер на 12 февруари 2020, кога се пријавиле истите две фирми. На 28 април 2020, ДИК ја избра „Дуна“ како најповолен понудувач, но тогаш Државната комисија за жалби по јавни набавки ја прифатила жалбата на „Ај Воут“ и го поништила тендерот.
Целиот текст прочитајте го тука…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.