Нова бомба во најава!

Објавил: Стојче Бушин | 19 февруари, 2020 12:06

Обвинителството: Милошоски достави аудиоматеријал кој ќе биде преслушан

Фото/Текст извор: ©Магазин

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски.

На средбата Милошоски достави аудиоматеријал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот“, соопштуваат од Обвинителството.

Инаку, средбата со обвинителката Русковска е на иницијатива на Милошоски  откако тој минатата недела во Собранието објави снимени разговори, за кои посочи дека се на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и други лица и кои се однесуваат на финансирањето на телевизијата на Бојан Јовановски, пишува Академик.

Јовановски и поранешната обвинителка Јанева се обвинети во  предметот „Рекет“.

Според она што ми беше објаснето од обвинителката Русковска е дека овие материјали таа ќе ги вклучи во предметот кој што се води за Меѓународниот сојуз. Се надевам дека истите ќе бидат од корист“, рече Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...