Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 11:04

Обвинителството на Рускоска ги превзема надлежностите на СЈО?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Предметите од екс- специјалното обвинителство по оставката на шефицата Катица Јанева беа предадени на Јавното обвинителство, а обвинителите од СЈО продолжуваат да постапуваат по предметите. Во ЈО ќе се чуваат и „бомбите“објавува Дојче Веле..

Специјално јавно обвинителство (скратено: СЈО) — јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое претставува и официјален назив на целото обвинителство.Специјалното јавно обвинителство произлегува од пржинскиот договор, договор потпишан помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии за разрешување на политичката криза во Македонија. СЈО беше формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На функцијата Специјален јавен обвинител, Советот на јавните обвинители на 15 септември 2015 година ја избрал Катица Јанева.

Што предвидува новиот предлог закон за Јавното обвинителство изготвен од Министерството за правда, за кој деновиве се вршат одредени консултации меѓу колициските партнери? Дојче веле имаше увид во предложената верзија, во која, меѓу другото се определува кој ги презема надлежностите на СЈО и материјалите од незаконското следење на комуникациите. Од ова е извесно дека предлагачот се откажал од идејата за формирање ново обвинителство за гонење на висока корупција, а сите случаи од висок профил треба да бидат во надлежност на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Таквото решение е предвидено во членот 108 во делот на Преодни и завршни одредби.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во став 3 од тој член.

Целиот текст прочитајте го Тука..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...