По два дена

Објавил: Калина Мартинска | 13 март, 2025 11:55

Обвинителството поднесе жалба на куќниот притвор за Асмир Јахоски и бара ефективен

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека го разгледале Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор за Асмир Јахоски и на осомничениот му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.