Изведени пред судија на претходна постапка

Објавил: Калина Мартинска | 6 февруари, 2025 14:50

Обвинителство бара притвор за Пеце Мирчевски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од Основното јавно обвинителство бараат притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски.

“Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

Детали: Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис

За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката”, се наведува во сооштението на ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.