Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 септември, 2021 5:34

Обезбедени снимки од безбедносните камери кај модуларната болница во Прилеп

Фото/Текст извор: ©магзин.мк

Нема никакви проблеми со функционирањето на модуларната болница по Прилеп по инцидентот со оштетувањето на таблата за напојување со електрична енергија кој го истражува полицијата, информираат кусо од болницата за МИА.

Инаку, синоќа болницата ја информирала полицијата, која направила увид, дека обезбедувањето забележало физичко оштетување, со хебла на таблата која е веднаш до модуларната болница и ја напојува со електрична енергија.

Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.

Според директорката на Општа болница со проширена надлежност од Прилеп, Кети Смилеска, нема проблеми во функционирањето на модуларната болница каде се хоспитализирани 17 ковид-пациенти.

-Во модуларната нема никаков прекин на струја, ниту е нарушено функционирањето. Од 17 хоспитализирани пациенти, 14 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се во тешка здравствена состојба, информира Смилеска.

По големата трагедија во тетовската модуларна болница, во прилепската имало вонредни инспекциски контроли и надзор на исправноста на противпожарните апарати, уредите и на електричната инсталација и не е најден никаков пропуст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 406 новозаболени со Ковид-19, починале 18 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно...

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот...